Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кисинџер: Се наоѓаме во ситуација КАКО ПРЕД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

САД треба да ја преиспитаат својата хегемонија и да разговараат со Кина за воведување ограничувања на конкуренцијата, бидејќи алтернативата е да се создадат услови слични на оние што претходеа на Првата светска војна, предупредува Хенри Кисинџер.

– Нашите лидери и нивните лидери треба да зборуваат за границите над кои нема да вршат закани и како да го дефинираат тоа, рече Кисинџер, дипломат за време на администрацијата на Никсон, кој се залага за приближување на Америка кон Кина.

– Може да кажете дека е целосно невозможно, но ако е така, ќе влеземе во ситуација слична на онаа во Првата светска војна, предупреди тој за време на дебата на Интернет организирана од Њујоршкиот економски клуб.

Развојот на технологијата како вештачката интелигенција предизвика вртоглав напредок, веројатно најголемиот изум од воведувањето на печатењето, што го прави светот премногу сложен за унилатерализам, рече Кисинџер.

На Вашингтон му треба „нов начин на размислување“ што ќе препознае дека денес ниту една земја не е во состојба да постигне таква еднострана супериорност и во стратегијата и во економијата што никој нема да може да и се закани, додаде тој.

– Ова е голем предизвик за секоја администрација, и не е партиски предизвик, тој е историски предизвик, затоа што не можеме да го ревидираме на секои четири до осум години. И, ако не можеме да го разјасниме тоа во нашата земја, не можеме да се занимаваме со други земји. Кисинџер рече дека предложените разговори со Кина треба да траат многу години.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...