Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

КАФЕТО НЕ Е РЕШЕНИЕ: Овие намирници делуваат подобро

Има денови кога едноставно не можеме да престанеме да зеваме, дури и ако сме спиеле доволно претходната ноќ… Во тие случаи, кафето едноставно нема да помогне, и ако додадете засладувачи тоа може само да ги влоши работите. Се разбира, на почетокот ќе почувствувате наплив на енергија, но наскоро ќе се повлече, проследено со ненадеен пад.

Лошите навики во исхраната доведуваат и до замор, па доколку прескокнете појадок или брзате по колачи и крофни, скоро е сигурно дека целиот ден ќе го поминете во магла. За да го избегнете ова, подгответе некоја од следниве намирници и започнете го денот успешно

Овесна каша

Се чини дека оваа класика сепак е една од најдобрите работи што можете да ги подготвите за појадок. Сад со овесна каша е енергетска бомба со низок гликемиски индекс. Ќе бидете сити и полни со енергија цело утро, без страв од ненадејни падови, како што би било случај со шолја кафе.

Вода

Чаша добра вода наутро треба да ви помогне побрзо да се разбудите. Дури и лесната дехидрираност може да ја забави работата на мозокот бидејќи телото нема доволно вода за да ги извршува сите свои функции, а тоа е состојба во која повеќето од нас се будат. Исто така, ако се чувствувате уморни за време на попладневните часови, чаша вода треба да биде вашата прва опција.

Чиа семе

Семето чиа е богато со омега-3 масни киселини кои го забрзуваат мозокот и можат да помогнат во борбата против заморот. Но, придобивките не застануваат тука – чиа семиња можат да апсорбираат огромни количини вода, што може да го забрза метаболизмот, додека истовремено ве прави хидрирани и будни. Можете да ги додадете во смути или овесна каша и да уживате во утринскиот наплив на енергија.

Chia seeds on wood spoon, selective focus

Лиснат зеленчук

Консумирањето свеж лиснат зеленчук е еден од најдобрите начини за подигнување на нивото на енергија. Содржи големи количини на витамин Б, кој му помага на организмот да ја претвори храната во енергија. Постојат неколку избори – можете да подготвите свежа салата или зелено смути.

Нане

Истражувањата покажаа дека мирисот на нане ја зголемува будноста и го намалува заморот. Наместо кафе, посегнете по топол чај од нане наутро, а во текот на денот достапни се разни гуми за џвакање и бонбони.

Јајца

Жолчките од јајца содржат многу протеини и тие обезбедуваат континуиран извор на енергија во текот на денот. Варени јајца, изматени јајца, јајце на око, можете да ги подготвите како сакате!

најчитани вести

Забава

Марија Шерифовиќ ја посетила слаткарницата на својата мајка Верица Шерифовиќ во Крагуевац, за да научи да прави торта, но и се случил еден пех....

Забава

Овен Ноември носи хармонични моменти со семејството, пријателите и партнерот. Наоѓате утеха во нив, и секогаш кога имате лош ден, тие се тука за...

Забава

Актерката Јелена Јованова или како што уште сите ја знаат – Јелена од Драчево, поради ликот кој го толкуваше во серијата „Преспав“, денес слави...

Балкан

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува...