Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Тричко е нашата ГОЛ – МАШИНА: Нека му ја мисли Косово!

Ги одбројуваме часовите до стартот на историскиот меч меѓу Македонија и Косово. Меч кој може Македонија да ја доближи на само 90 минути од ЕВРО 2020. Ни треба победа над Косово, каква – таква, па макар била и по продолженија или по подобро изведување на пеналите. Не е важно како, поважно е на крајот Македонија биде таа што ќе се радува.

А за победа потребни се голови, а за голови секако дека имаме тука многу фудбалски мајстори. Како Пандев, Нестор, Џани, Барди, секако Алекс, но Тричко, кој ако не биде стартер тогаш би требало да влезе нешто подоцна, е ГОЛ – МАШИНАТА.

Иван Тричковски за Македонија досега одиграл 56 натпревари, а стрелал во шест наврати. Но импресионира Тричко со формата во последната година – две, и тоа како напаѓач и капитен на АЕК Ларнака. Според математиките, анализите, Тричко за минатата сезона 2019/2020 е најдобриот стрелец во Европа.

И тоа во категоријата на постигнати голови во однос на тоа колку натпревари одиграл во првенствата. Само тој и Роберт Левандовски од Баерн Минхен имаат повеќе голови постигнато од одиграни напревари. Процентуално Тричко сепак е подобар од Лева. Тричко имаше 20 голови на 18 натпревари, а Полјакот пак 34 голови на 31 натпревар.

Но, доста со математики.

Тричко ќе биде нашиот адут вечерва во поглед на головите, а противникот, а Косово, нека му ја мисли како ќе ја сопре македонската ГОЛ – МАШИНА.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....