Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТРАМП ЗА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ВО АВГАНИСТАН: Сите единици на САД треба да се вратат дома до Божиќ

Сите американски единици во Авганистан би требало да се вратата дома до Божиќ, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп неколку часа по состанокот со неговиот советник на национална безбедност велејќи дека Вашингтон ќе го намали бројот на своите војници во Авганистан на 2.500.

Во обврзувачкиот договор помеѓу САД и талибанците во февруари се предвидува странските сили да го напуштат Авганистан до мај 2021 година во замена за ветувањата на талибанците дека ќе се откажат од тероризам.

Трамп и дуги соработници рекле дека САД во ноември ќе го намали бројот на војници помеѓу 4.000 и 5.000

Трамп на Твитер напишал: “Останатиот мал број храбри мажи и жени кои служат во Авганистан би требало да се вратат дома до Божиќ“. Меѓутоа не е јасно дали тој издава наредба или изразува долготрајна идеа, пренесува Ројтерс.

Неколку часа пред твитот на Трамп, советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан рекол дека САД моментално имаат помалку од 5.000 војници во Авганистан и дека тој број ќе биде намален за 2.500 до почетокот на следната година.

“На крај, Авганистанците ќе мора сами да го применат мировниот договор… Тоа ќе биде бавен и тежок процес, но мислиме дека тоа е неизбежен чекор – мислиме дека Американците треба да се вратат дома“, рекол О’Брајан на Универзитетот во Невада во Лас Вегас.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...