Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Сари сака да го раскине договорот со Јувентус и да ја преземе Фиорентина

Иако го водеше Јувентус до нова титула, Маурицио Сари доби отказ по само една година на клупата на „Старата дама“. Сепак, шампинот му исплаќа редовна плата според договорот, но искусниот тренер би сакал да продолжи да работи, па затоа е подготвен да го раскине договорот со трофејниот клуб.

Ова го тврди неговиот пријател Аурелио Вирџили.

„Бев скоро кај Маурицио. Ми рече дека сака да започне преговори за договорен раскин на соработката со Јуве, со цел да стане слободен и да се врати во Серија А пред Божиќ. Тој се надева дека ќе ја преземе Фиорентина, иако има огромна почит кон Бепе Јакини, но “Виола’ би бил неговиот сон“, изјавил Вирџили.

Пред да дојде во Јувентус, Сари работеше една година во Челзи, со кого ја освои Лигата на Европа, а пред тоа и во Наполи и Емполи.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...