Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ на јапонските научници: Еве колку може да живее коронавирусот на човечката кожа

Новото истражување на научниците во Јапонија, покажа дека коронавирусот може да живее на човечката кожа многу подолго од обичниот вирус или грип.

Тие откриле дека короната може да живее цели девет часа, или четири пати повеќе од колку што може да живее вирусот на грипот А.

Стабилноста на SARSCoV-2 во човечката кожа останува непозната, со оглед на ризиците од вирусна изложеност на луѓе, велат истражувачите.

Тимот на научници од Јапонија испита примероци земени од човечка кожа. Клетките на кожата се мешаа со примероци од коронавирусот и со вирус на грип А, кој исто така се шири низ капки и блиски контакти.

За среќа, двата вируси на кожата беа брзо уништени со сапун. Наодите ја потенцираат важноста на миењето на рацете или употребата на средства за дезинфекција.

„Оваа студија покажува дека SARS-CoV-2 може да има поголем ризик од пренесување преку  контакт (т.е. директен пренос на контакт) од IAV вирусот затоа што првиот е многу постабилен во човечката кожа (од вториот), се вели во студијата, објавена на списанието „Клинички инфективни болести„.

„Овие откритија ја поддржуваат хипотезата дека правилната хигиена на рацете е важна за да се спречи ширењето на SARS-CoV-2“.

Новата студија вели дека Ковид-19 може да се шири и низ воздухот, во затворени простории.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...