Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

МАКЕДОНИЈА ВО ФИНАЛЕЕ, победа 2-1 против Косово

Македонија со победата над Косово вечерва од 2:1 се пласираше во големото финале на Лигата на нации. Вечерва нашите фудбалерии одиграа одличен натпревар и заслужено победија. За пласман на ЕП, Македонија ќе се бори со репрезентацијата на Грузија.

Фудбалската репрезентација на Македонија имаше водство по првото полувреме со резултат 2:1. Се започна добро по нашиот тим. Уште во 16. минута една топка заврши пред казнениот простор кај Адеми, тој додаде до Стефан Ристовски, кој со шут по земја погоди во Фидан Алити, а потоа топката заврши во мрежата на ривалот за голема радост и 1:0. Следуваше шок, откако нашите фудбалери им подарија погодок на противниците. Димитриевски го напушти својот гол, па избоксува до Велковски, но тој изби лошо, па топката заврши до Флорент Хадерѓонај, кој го лобуваше нашиот голман за 1:1. Само неколку минути подоцна, одличен центар шут од прекин на Енис Барди, кој го пронајде Велковски, кој стрелаше крајно прецизно со глава за 2:1.

Одлични две шанси на стартот од вториот дел имаше Македонија. Горан Пандев се направи добро, шутираше, но голманот на Косово со крајни напори одбран и одби во корнер. Само две минути подоцна и Несторовски имаше супер шанса за глава, но за жал и оваа шанса пропадна и остана 2:1 за Македонија. Во продолжението  од второто полувреме, Македонија одигра уште по добро. Штета што нашата селекција не водеше со два голови разлика бидејќи и го заслужи тоа. Во последните 10-сетина минути од дуелот се влезе со предност од првиот дел на Македонија 2:1. Умно Македонија го контролираше текот на финишот, па така со неколку замени успеавме дополнително да го ,,умртвиме” темпото на дуелот и да славиме голема, голема победа за историја.

ЧЕСТИТКИ ДО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!!!!

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....