Голем, огромен гест на Македонските младински репрезентативци кои денеска ја победија селецијата на Казахстан на гостински терен со 1:4 и со тоа обезбедија огромни три бода во битката за пласман на Европскиот шампионат.
Ја посветија истата на нивниот брат, соиграч, капитен од репрезентацијата Милан Ристовски Мице кој во моментов не може да им помогне затоа што е повреден. Се опоравува од тешката повреда но е силен и знаеме дека ќе се врати уште подобар. Тоа го знаат и неговите соиграчи, и во знак на подршка победничкото селфи е со неговиот дрес на чело.
Од друга страна пак Ристовски се заблагодари и напиша дека ова не е само репрезентација на Македонија, ова е негово семејство.
