Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Заев и Столтенберг од седиштето на НАТО: С.Македонија е посветена на зајакнување на сојузничкото единство и солидарност

„Северна Македонија е посветена на обврската за инвестирање енергија во сојузничкото единство и солидарност, и во зајакнување на нашите национални безбедносни капацитети“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што се одржа во седиштето на НАТО, и додаде дека нашата земја продолжува да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог.

На прес-конференцијата во рамките на официјалната посета на владина делегација на седиштето на НАТО во Брисел, во чиј состав се и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев, рече дека посетата на седиштето на алијансата како негова прва официјална меѓународна посета на почетокот на вториот мандат, ја потврдува наша посветеност за активно учество и исполнување на обврските што произлегуваат од нашето членство во НАТО.

„Станавме полноправна членка на крајот на март 2020 година, во исто време кога пандемијата од КОВИД почнуваше да се шири. И покрај пандемијата и последиците од неа, имавме многу топло добредојде како нова членка на НАТО и веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници. Сојузниците на НАТО обезбедија помош за нашиот здравствен сектор и за справување со последиците од КОВИД-19. Ние сме многу благодарни за тоа и нашите граѓани сега уште повеќе ги осознаваат пошироките придобивки од нашето членство во НАТО“, рече премиерот Заев на прес-конференцијата во Брисел.

„Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник“, додаде премиерот, и потенцираше дека земјата ќе продолжи да учествува во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодува на безбедносните приоритети.

„Членството на Северна Македонија во НАТО ја редефинира нашата улога на меѓународната безбедносна арена, овозможувајќи ни активно да учествуваме во широк спектар на безбедносни консултации што го определуваат концептот на НАТО за колективна одбрана. Ја материјализиравме оваа стратешка цел на надворешната политика и ги зацементиравме основите за зголемена стабилност и просперитет на нашата држава во време на предизвикувачки околности што ја тестираат способноста на НАТО да се трансформира и прилагоди“, нагласи претседателот на Владата Заев и додаде дека и покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, остануваме решени да го зголемиме буџетот за одбрана за 0,2% и да достигнеме 2% од БДП до 2024 година за да ги зајакнеме капацитетите како наш придонес за интероперабилност со другите сојузници во НАТО.

Во однос на регионот, Заев истакна дека Западен Балкан сè уште се соочува со различни предизвици и затоа постои потреба за негова јасна перспектива во НАТО и ЕУ, бидејќи се покажа дека тоа е од суштинско значење за градење на безбедна средина што овозможува понатамошен просперитет.

„Западен Балкан не е изолиран остров. Тој е неразделно поврзан со западноевропските и трансатлантските вредности, и Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог, преку структурирање на регионални активности и иницијативи што ќе ги подобрат нашите одбранбени способности и ќе развијат интероперабилност, како за заеднички интереси, така и за наши индивидуални цели“, рече Заев.

„Како резултат на нашата посветеност на регионалната безбедност“, рече премиерот Заев, од август 2020 година до средината на 2026 година, Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Штабот на СЕЕБРИГ – Бригада на Југоисточна Европа, една од најсилните регионални иницијативи што ги обединуваат земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа.

„Нашите амбиции да придонесеме кон колективната безбедност го надминуваат регионалното опкружување. Проекциите за следната година предвидуваат организација на голема конференција за односи со јавност во Скопје, која предвидува учество на експерти за комуникација од сите земји-членки на НАТО“, најави претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, и додаде дека земјата продолжува со имплементација на Програмата за континуирани реформи, насочена кон исполнување на функционалните и оперативните стандарди на земјите-членки на НАТО и дека Владата покрена постапка за ратификување на договорите и протоколите поврзани со НАТО.

Во завршницата на своето обраќање на заедничката прес-конференција со Генералниот секретар на НАТО, премиерот Заев информираше за преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, кои треба да започнат веднаш после усвојувањето на Рамката за преговори од Советот на ЕУ и на првата меѓувладина конференцијата која што рече дека се очекува да се одржи до крајот на оваа година за време на германското претседателство со Советот на ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг од своја страна на прес-конференцијата го истакна задоволството од денешната средба и од можноста на премиерот Заев да му го честита повторниот избор за претседател на Владата, како и неговиот роденден кој се совпадна со оваа посета.

Генералниот секретар рече дека оваа година НАТО ја пречека Северна Македонија како нова членка на алијансата како резултат на исклучителните постигнувања на земјата и потенцираше дека овој голем настан се случи во време на КОВИД-19 кога сојузниците се потребни еден на друг во поддршката за справување со пандемијата и кризата предизвикана од неа.

Столтенберг додаде дека КОВИД бројките на новозаразени растат во цела Европа како и во Северна Македонија и од тие причини НАТО продолжува со поддршката за земјата со нов КОВИД пакет во медицинска и друга опрема вреден 1,4 милиони евра.

Генералниот секретар ја истакна и соработката на Северна Македонија со НАТО и со земјите членки во однос на заканите по демократијата вклучувајќи ги и хибридните или сајбер заканите, и додаде дека и во оваа насока сојузниците во НАТО се посилни и побезбедни кога се заедно.


Заев од седиштето на НАТО во Брисел: Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска одржаа заедничка прес-конференција во седиштето на НАТО, во рамките на официјалната посета на владина делегација во Брисел, во чиј состав се и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев на прес-конференцијата во целост:

„На почетокот на оваа прес-конференција, сакам да истакнам дека сум многу среќен заради можноста да го посетам НАТО и да се сретнам со генералниот секретар повторно како премиер. Ова е моја прва официјална меѓународна посета на почетокот на вториот мандат, која нагласува колку го цениме нашето членство во НАТО.

Како што сите знаете, Северна Македонија е најновата, триесетта членка на НАТО. Станува збор за реализација на нашиот највисок национален стратешки приоритет и реализација на една од нашите најважни надворешно-политички цели. Ја постигнавме врз основа на нашиот суверен избор, со едногласен политички консензус и со силна јавна поддршка.

Станавме полноправна членка на крајот на март 2020 година, во исто време кога пандемијата од КОВИД почнуваше да се шири. И покрај пандемијата и последиците од неа, имавме многу топло добредојде како нова членка на НАТО и веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници. Сојузниците на НАТО обезбедија помош за нашиот здравствен сектор и за справување со последиците од КОВИД-19. Ние сме многу благодарни за тоа и нашите граѓани сега уште повеќе ги осознаваат пошироките придобивки од нашето членство во НАТО.

Членството на Северна Македонија во НАТО ја редефинира нашата улога на меѓународната безбедносна арена, овозможувајќи ни активно да учествуваме во широк спектар на безбедносни консултации што го определуваат концептот на НАТО за колективна одбрана. Ја материјализиравме оваа стратешка цел на надворешната политика и ги зацементиравме основите за зголемена стабилност и просперитет на нашата држава во време на предизвикувачки околности што ја тестираат способноста на НАТО да се трансформира и прилагоди.

Свесни сме дека расте потребата и обврската за инвестирање енергија во сојузничкото единство и солидарност, но и во зајакнување на нашите национални капацитети и можности. Северна Македонија е целосно посветена на своите обврски како нова земја-членка на НАТО, вклучително и во поделбата на товарот, и придонесува како достоен сојузник. Ние ќе продолжиме да се вклучуваме во операциите и мисии на НАТО и да се прилагодуваме на безбедносните приоритети.

И покрај предизвиците за економијата поради пандемијата, остануваме решени да го зголемиме буџетот за одбрана за 0,2% и да достигнеме 2% од БДП до 2020 година. Со тоа ќе ги зајакнеме капацитетите и можностите на нашата армија со подобрување на професионални стандарди на нејзините припадници, и со тоа ќе го зголемиме нашиот придонес за интероперабилност со другите сојузници во НАТО.

Припаѓаме на регион кој сè уште се соочува со различни предизвици и затоа сме убедени дека постои потреба за негова јасна перспектива во НАТО и ЕУ, бидејќи се покажа дека тоа е од суштинско значење за градење на безбедна средина што овозможува понатамошен просперитет. Основната вредност што ги опфаќаат внатрешните политички приоритети на сите земји во регионот се заснова на гарантирање предвидлива, перспективна и опиплива иднина за нашите граѓани.
Западен Балкан не е изолиран остров. Тој е неразделно поврзан со западноевропските и трансатлантските вредности.

Северна Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог, преку структурирање на регионални активности и иницијативи што ќе ги подобрат нашите одбранбени способности и ќе развијат интероперабилност, како за заеднички интереси, така и за наши индивидуални цели. 

Бидејќи поголем дел од нашиот регион се интегрира во НАТО, може да се искористат нови модалитети за меѓусебна соработка. Како никогаш порано, нашиот регион е во можност да ја искористи таквата платформа што произведува ефект на поврзување заснован на заедничката волја да се стреми кон евроатлантска интеграција.

Како резултат на нашата посветеност на регионалната безбедност, од август 2020 година до средината на 2026 година, Република Северна Македонија ќе биде домаќин на Штабот на СЕЕБРИГ – Бригада на Југоисточна Европа, една од најсилните регионални иницијативи што ги обединуваат земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа. Ќе бидеме домаќини на командата од околу 50 лица на вооружените сили од земјите-членки.

Нашите амбиции да придонесеме кон колективната безбедност го надминуваат регионалното опкружување. Проекциите за следната година предвидуваат организација на голема конференција за односи со јавност во Скопје, која предвидува учество на експерти за комуникација од сите земји-членки на НАТО.

Во согласност со стратешката определба на Северна Македонија за придонес кон глобалниот мир и безбедност, ќе продолжиме со учество во меѓународните мировни и хуманитарни операции.

Како дел од обврската од нашето членство во НАТО, Северна Македонија продолжува со имплементација на Програмата за континуирани реформи, насочена кон исполнување на функционалните и оперативните стандарди на земјите-членки на НАТО. Во овој контекст, со задоволство информирам дека Владата покрена постапка за ратификување на договорите и протоколите поврзани со НАТО.

Заедно со членството во НАТО што се случи среде пандемија со вирус корона, ЕУ одлучи да ги отвори преговорите за членство на нашата земја во унијата. Откако ќе биде усвоена Рамката за преговори од Советот на ЕУ, следува првата меѓувладина конференција која што ќе се одржи до крајот на оваа година за време на германското претседателство со Советот на ЕУ. Подготвени сме да навлеземе во работата што ја бараат преговорите за пристап и да го започнеме да одиме по патот на длабока трансформација според вредностите и стандардите на ЕУ, исто како што направивме и на нашиот пат до НАТО.“

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...