Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Дури 91 процент од излекуваните од Ковид-19 ИМААТ ДОЛГОРОЧНИ КОМПЛИКАЦИИ

Според најновите откритија на научниците, Ковид-19 кај некои пациенти може долгорочно значително да ја оштети работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот.

Неодамнешно истражување покажа дека дури 91 процент од пациентите кои „закрепнале“ имаат најмалку една долгорочна компликација од оваа болест, пишува „Бест Лајф“.

Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се излекувале од Ковид-19 во Јужна Кореја, а дури 91 процент од нив рекле дека имаат еден долгорочен симптом.

Заморот бил најчест симптом, пријавен кај 26 проценти од пациентите, а тешкотии со концентрацијата биле пријавени кај 25 проценти од пациентите, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Многу пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкото лекување.

Треба да се спомене и извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од јули, кој покажа дека 35 проценти од испитаните пациенти не закрепнале во целост дури ни две до три недели по позитивниот тест за вирусот, а многумина рекле дека се чувствуваат уморни.

Некои експерти веруваат дека болеста може да предизвика синдром на хроничен замор познат како мијалгичен енцефаломиелитис. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...