5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски на средба со еврокомесарот Вархеји

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија – Оливер Вархеји на која разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија, соопштија од партијата.

Мицкоски на средбата се осврна и на извештајот и документот кој што вчера Европската комисија го објави за Република Македонија. Мицкоски искажа загриженост во однос на извештајот на Европската комисија за слабостите и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Мицкоски укажа на слабостите и недоволното справување со корупцијата која е распространета во сите области, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Мицкоски искажал загриженост и за злоупотребата на носење на закони по скартена постапка со европско знаменце како и слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста.

– Мискоски на средбата истакна дека опозицијата и во минатото укажуваше дека Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати како за носење закони за фабрики за марихуана, како и за закони за правосудството. Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план. Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека на средбата, разменети биле и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот.

– На средбата беше изразено задоволството  да се изнајде најдобар начин за да се остварат приоритетите  кои ќе придонесат кон менување на пејзажот на регионот на полето на економијата и Македонија да стане ефективно подрачје во кое ќе се инвестира и ќе се подобрат условите за живот на луѓето кои живеат овде во поглед на јавното здравје, поврзаноста, достапноста на дигиталните алатки за кои и  ЕУ е подготвена за нивно заедничко спроведување. При средбата претседателот Мицоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести