Бебето од седум месеци кое мајката го фрла од рака во рака како да е кукла, а не живо суштество, има повреди, пренесува српски Блиц. Мајката силвија Саитовиќ (21), која е снимена како се однесува со своето дете старо само 7 месеци, се товари за две кривични дела и и се заканува казна од 12 години затвор.
Допрва треба да се утврди дали бебето повредите ги добила на денот кога е снимено видеото, и тоа во Нов Белград или претходно.
Силвија има уште две деца и таа се товари за запуштање и злоставување малолетно дете, за што и се заканува казна од 3 месеци до 5 години, како и насилство во семејството, став 3 – тешко нарушување на здравјето на малолетно лице, за што е определена казна од 2 до 10 години затвор.
Предупредување, видеото не е за оние со чувствителен желудник: