Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Уште еден моден гигант затвора продавници и ЈА „СЕЛИ“ ПРОДАЖБАТА НА ИНТЕРНЕТ

Во средината на јули, осамнаа написи дека водечките трговски брендови за облека, како што се Zara, H&M и Stradivarius, планираат да се фокусираат на продажба преку Интернет, бидејќи тоа беше единствената опција за купување за време на долгиот карантин. Според нив, иако изгубиле милиони, тоа се исплатело.

Овие брендови ја гледаат иднината токму тука, исто како и Nike, кој профитираше над очекувањата за време на кризата. Шведскиот моден ланец H&M претходно објави дека планира да затвори 250 од своите 5000 продавници ширум светот, што е 5% од капацитетот, а сега е време идејата полека да се реализира.

Од следната година, земјите низ целата планета ќе останат без некои физички продавници на H&M, додека приоритет ќе се даде на купувањето преку Интернет, што сепак е од интерес на сите. Овој бренд беше принуден да стави катанец на дури 80 проценти од своите продавници, за време на карантинот.

Компанијата забележа раст на продажбата во третиот квартал, но во септември повторно падна за пет проценти. Според проценките на „Busines & Fashion“, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30 проценти загуби поради пандемијата и кризата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...