Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Вакцината против корона може да биде готова до крајот на годината

Вакцината против ковид-19 може да биде готова до крајот на годината, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, без да наведе детали.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус повика на солидарност и политичка акција од сите лидери за да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцината кога ќе биде готова.

  • Ќе ни треба вакцината и постои можност да ја имаме до крајот на годината. Се надеваме дека ќе биде така, рече Тедрос во заклучокот од состанокот на извршниот комитет на СЗО посветен на глобалниот одговор на пандемијата.

Девет експериментални вакцини се дел од иницијативата на СЗО „Ковакс“, која што планира да дистрибуира 2 милијарди дози до крајот на 2021 година.

Досега, 168 земји се приклучиле на иницијативата, но Кина, САД и Русија не се меѓу нив. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е склона кон билатерални договори за набавка на вакцини од производителите.

Потребни сме едни на други, потребна ни е солидарност и мора да се бориме против вирусот со сите сили, рече Тедрос.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...