Новинарката Анита Мучај-Харадинај, која е и сопругата на Рамуш Харадинај, првпат реагираше после веста дека поранешниот премиер ја претепал.
Косовските медиуми пишува дека Анита завршила во болница од повредите нанесени од страна на нејзиниот сопруг, но резултира дека таквите пишувања биле невистинити.
Преку објава на „Фејсбук“, таа негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години. Таа, исто така, изрази жалење како новинарка за нивото на медиумите кои пренесуваат непотврдени вести.
„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде! Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и веќе 17 години сом многу добро со Рамуш “, пишува таа.
