Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Последен обид за спас на Мицкоски преку „незадоволни“ членови кои му се под контрола!?

Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ континуирано се влошува, а внатрешната поделба кулминира. Партијата делува дезориентирано и неорганизирано. Политичкиот фокус на првите луѓе лута од тема на тема и тие забораваат дека нивна обврска е да ја насочат насобраната негативна енергија и да ги поведат граѓаните. Неинвентивните протести и слабата мобилизација покажуваат дека актуелниот претседател Христијан Мицкоски ја изгубил поддршката и внатре во партијата, па мора грчевито да покажува некаква борба со власта за да не дојде на дневен ред прашањето за последователните порази и зошто некој треба да му верува дека на претстојните избори во Штип би извојувал победа.

Подели па владеј

И покрај сите афери, Зоран Заев во моментов е недопирлив за Христијан Мицкоски, а СДСМ тешко достижно за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Мицкоски пресметал дека целата негова енергија треба да биде насочена кон зачувување на партиската позиција, а не на пресметка со СДСМ. Тоа не е лесна задача особено што рејтинзите и расположението на членството по општинските комитети од поодамна се во насока во која што Мицкоски не го гледаат како лидер. Доколку сите тие разочарани се обединат, јасно е дека Мицкоски заминува во историјата како најнеуспешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а членството ќе мора да избира негов наследник. Единствен начин за да се спротистави на мнозинството членови кои бараат негова смена е римската игра на Мицкоски „подели и владеј“. Веројатно проценките се дека , доколку меѓу незадоволните групи се инсталираат такви кои би му биле под контрола, значително би го ослабел отпорот, а овие незадоволни би можел во одреден момент со некаква награда повторно да ги врати кај себе. Тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ја направи посилна , но Мицкоски верува дека ќе му ја зачува фотелјата.

За едни навреди – за други галење

Мрачни сили, криминалци, мафија, појаничарени слуги, одработувачи, печалбари е дел од вокабуларот што ја изненади целата македонска јавност, а го користеше Мицкоски обраќајќи им се на неговите сопартијци кои бараа одговорност и вонреден конгрес. Паниката која што го има фатено ја гледаат сите, но ваквиот начин на кој што им се обраќа на истите луѓе кои го избрале и качиле на тронот во ВМРО-ДПМНЕ кај политичките познавачи отвори дополнителни дилеми околу карактерот на Мицкоски.


Во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“, Мицкоски ги одвои од мрачните сили поранешниот технички премиер Емил Димитриев и поранешниот министер Никола Поповски. Тие според него не се „слуги на мафијата“, иако Поповски јасно тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски на чело не може да се надева на победи. Дали за неговото изземање од групата на „одработувачи“ е заслужно неприклучувањето кон иницијативата за вонреден конгрес или има и некаков друг премолчен договор ќе се види наскоро. Од оваа група на „печалбари“, Мицкоски ги иззема и Васко Наумовски, Тимчо Муцунски, Илија Димовски и целото крило кое периодов делуваше под закрила на фондацијата Конрад Аденауер. Освен внатрепартиските муабети дека поранешниот амбасадор Наумовски има лидерски амбиции и по некој новинарски извештај дека од трибините на Конрад Аденауер биле упатени некакви благи критики на сметка на Мицкоски, досега нема ниту еден посериозен и поконкретен настап на кој се бара одговорност од актуелниот претседател. За волја на вистината, доколку навистина се заложуваат за реформи, а не за ситнење на отпорот, оваа струја досега и не излегла со концепт како би можел да биде сменет Мицкоски. Напротив, во партиските кулоари кружат информации дека истите се на високи позиции, а Мицкоски и редовно ги кани да присуствуваат на состаноците на Извршниот Комитет, иако таму не ги вклучил.

Вонреден конгрес или редовен пораз

Факт е дека огромен дел од члеството во овие три години веќе сфати дека Мицкоски не поседува капацитет и харизма за да ја обедини партијата и да почне да победува. Единствената битка во моментов е како да се дојде до промените кои му се неопходни на ВМРО-ДПМНЕ. Единствен концепт кој досега беше промовиран во јавноста е собирање на подршка за одржување на вонреден конгрес и отчет на Мицкоски пред делегатите кои го избрале со оглед на фактот што самиот нема намера за такво нешто. Затоа поделбите во отпорот, веројатно се сламката за спас на која што се надева Мицкоски. Сепак и тука мора да се земе предвид искуството на делегатите од последниот конгрес кои не се нови, ниту наивни во политиката. Тие знаат да ги прочитаат ваквите игри и знаат дека всушност изборот пред кој се наоѓаат во моментов е одржување на вонреден конгрес или останување на Мицкоски и соочување со нов пораз во Штип, а потоа и на локалните избори.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...