Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ПОЗНАТИТЕ С*КСИ НАРКО ДИЛЕРКИ ЗАВРШИЈА ВО ЗАТВОР, а ги предаде поп

Светлана и Ана Попадиќ од околината на Пожега по втор пат беа прогласени за виновни за продажба на 28 килограми сканк.

Светлана Попадиќ (48) и нејзината ќерка Ана (26) беа осудени вчера пред Вишиот суд во Чачак, по втор пат, за трговија со дрога. Светлана е осудена на пет години, додека Ана на три години затвор, бидејќи, како што утврди судот, во март 2018 година, тие организирале шверц на 28 килограми сканк.

– Осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд. И првиот пат тие беа осудени на исти казни – објаснуваат од судот.

Овој скандал со наркотиците ја шокираше јавноста пред две години, бидејќи покрај мајката, ќерката и државниот шампион на Србија во мото крос, уапсен беше и свештеникот Милан Јордовиќ (43) и верскиот учител Зоран Маринковиќ (45).

 Свештеникот и верскиот учител биле задолжени за транспорт на сканкот од Косово во странство. Тие беа уапсени во Мржајевци, а во автомобилот била пронајдена дрога. Двајцата претходно направија договор со обвинителството и откако ја признаа вината, беа осудени на по една година затвор.

Според медиумите во Србија, свештеникот Милан Јордовиќ повеќе не е свештеник. Тој се преселил во Франција, каде наводно започнал приватен бизнис.

Верскиот учител Зоран Маринковиќ, исто така, веќе нема ангажмани во Српската православна црква.

Според локалните медиуми, тие ја носеле дрогата затоа што сметале дека полицијата нема да ги запре. На Косово биле 29 пати, а дрогата се носела во земјите на ЕУ, претежно Германија, Франција и Швајцарија. Ана имала улога да најде луѓе кои би ја превезувале дрогата.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...