Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

МЛАДИТЕ ГУБАТ НАДЕЖ дека ги чека подобро утре и работа од соништата

Unemployed Tired or stressed businessman sitting on the walkway after work Stressed businessman concept

Повеќе од една третина од младите во Велика Британија веруваат дека треба да се откажат од надежта за добивање на работата од соништата, бидејќи приоритет е да се добие какво било работно место среде пандемија што ќе го освои пазарот на трудот.

Овие податоци се резултат на неодамнешно истражување. Двајца од пет млади луѓе очекувале дека никогаш нема да ја имаат работата што навистина им се допаѓа, а сега така мислат тројца од пет, особено оние од посиромашните семејства. Анкетата ја е спроведена на 2.000 млади луѓе, на возраст од 16 до 25 години.

На нивното мислење, како што беше заклучено понатаму, влијаел негативниот економски ефект на пандемијата, бидејќи нацијата се соочи со рекордно ниво на невработеност и прекинување на образованието и обука. На почетокот на овој месец, британската канцеларија за национална статистика го истакна наглиот пораст на невработеноста кај младите во вториот квартал.

Во меѓувреме, Меѓународната организација на трудот при ООН минатиот месец објави дека околу 42% од младите луѓе ширум светот, кои продолжиле да работат за време на пандемијата, ги загубиле своите приходи поради кризата.

Скоро половина од оние кои немаат работа сега или имаат ниско образование – се сомневаат дека ќе најдат работа за брзо време. Повеќе од двајца од пет Британци веруваат дека дури сега е тешко да се постигнат поставените цели, а половина од нив се луѓе помлади од 25 години, претежно од посиромашно потекло.

Претходно, две петтини од оние на возраст под 25 години, од Велика Британија, изјавија дека никогаш нема да успеат во животот, а сега 50 проценти од нив мислат така. Дури 36 проценти од младите целосно ја изгубиле вербата за подобро утре.

Друга поразителна бројка го вели следново: скоро 40 проценти од оние на возраст под 25 години целосно се откажале од своите желби за следната година.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....