Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Лекар и болничар од Инфективно Штип, ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

MOSCOW, RUSSIA - MAY 13, 2020: An ambulance crew in protective gear seen outside the Novomoskovsky multipurpose medical centre for patients with suspected coronavirus infection. Vladimir Gerdo/TASS Ðîññèÿ. Ìîñêâà. Ñîòðóäíèêè ñêîðîé ïîìîùè íà òåððèòîðèè ìíîãîïðîôèëüíîãî ìåäèöèíñêîãî öåíòðà "Íîâîìîñêîâñêèé", êóäà ãîñïèòàëèçèðóþò ïàöèåíòîâ ñ êîðîíàâèðóñíîé èíôåêöèåé COVID-19. Âëàäèìèð Ãåðäî/ÒÀÑÑ

Лекар и болничар кои работеле на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека станува збор за лекар од друго одделение, кој е ангажиран на ова одделение, како помош на инфектолозите.

-Во изолација заминува и втор лекар од одделението за Неврохирургија, бидејќи имал контакт со заразениот лекар. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје ја направија епидемиолошката анкета и утре ќе знаеме дали и колку од медицинскиот персонал ќе замине во изолација, вели Ѓеорѓијев.

Тој смета дека новозаразениот медицински персонал нема да ја загрози работата на Инфективното одделение, бидејќи освен инфектолози на него ротираат лекари и од другите одделенија на болницата. Во моментов на Инфективното одделение се лекуваат над 40 пациенти од целиот источен регион.

Директорката нa Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека денеска има 13 позитивни случаи на териорија на Општина Штип, а во денешните бројки влегуваат зарaзениот медицински персонал на Инфективното одделение, осуденото лице од Затвор-Штип, како и негователката и воспитувачката од градинката „Вера Циривири-Трена“, за кои резултатите беа добиени вчера и  јавноста и родителите беа веднаш известени. Останатите позитивни случаи од штипскиот регион се членови на семејства или контакти на веќе заразените пациенти.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...