Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ИЗМАМА КАКО ВО ФИЛМ: 4 ЛИЦА НАПРАВИЛЕ 26 ИЗМАМИ

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Кисела Вода, при Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(33) и Б.С.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле 26 кривични дела „измама“ и против А.Б.(31) и И.З.(53), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „помагање“ во врска со извршени 26 кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 177.550 денари.

Прво и второпријавениот, кои се на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Идризово, Скопје, во периодот од февруари до мај 2020 година извршиле 26 кривични дела „измамa“ на тој начин што од различни телефонски броеви се јавувале на оштетените, кои во повеќето случаи се управители на фирми, им се претставувале како управители или директори на различни фирми од различни локации низ Скопје и договарале средби. Додека оштетените се движеле кон договорените локации, им се јавувале да застанат и на однапред ангажирани такси возачи од различни такси компании да им дадат парични средства со изговор дека такси возачот треба да им заврши некоја услуга, а паричните средства ќе им бидат вратени на средбата која ќе ја остварат.

Третопријавената ги земала паричните средства од такси возачите и ги предавала на четвртопријавениот, вработен во Казнено-поправната установа Идризово, кој пак, дел од парите им ги давал на Б.А. и Б.С..

По преземени оперативни мерки и активности, било дојдено до сознание дека А.Б. била инволвирана, по што со неа бил извршен разговор во полициска станица, при што го појаснила начинот на помагањето. Исто така, во полициска станица бил извршен разговор и со четвртопријавениот, како и тројца такси возачи, кои исто така, го појасниле начинот на извршување.  

На 09.05.2020, по Наредба на судија во претходна постапка, бил извршен претрес во КПУ Идризово, во просториите каде што се сместени прво и второпријавениот, при што биле одземени повеќе предмети, по што со нив бил извршен разговор во кој во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...