Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еве што велат ѕвездите

ОВЕН

Задоволни сте со приливот на финансии. Тие ви даваа поттик потребен за решавање на проблемите. Имате желба да се опуштите и да уживате во друштво на партнерот, но тој е премногу нервозен. Солидно здравје.

БИК

Ве очекува изненадувачки трошок кој малку ќе ве исфрли од колосек, затоа што воопшто не сте го планирале. Ако сте слободни, следува ново познанство кое има потенцијал да прерасне во стабилна врска. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ментално сте активни. Правите грандиозни работни планови, но не ги откривате на другите. Минувате време запознавајќи ја подобро симпатијата. Она што го дознавате, не ви се допаѓа. Одлично здравје.

РАК

Комуникативни сте и прилагодливи. Заедничкиот проект со странците е во полн замав. Пасивни сте на емотивно поле така да нема никакви случувања. Можни проблеми со жолчката.

ЛАВ

Амбициозни сте и во план ви е почеток на работна соработка со соработници од странство. Емотивно не сте исполнети и посакувате да влезете во нова врска. Можни болки во долниот дел на грбот.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од комуникациите со колегите. Ви смета тоа што другата страна не сака да ги признае вашите добри идеи. Брачниот партнер приметува дека сте раздразливи, па ви се трга од патот. Нервоза ве следи.

ВАГА

Ако се занимавате со приватна работа, полни со оптмизам правите работни планови. Вагите во брак имаат впечаток дека партнерот не е во потполност посветен на нивната заедница. Задоволително здравје.

ШКОРПИЈА

Преговорите нема да одат глатко. Доста сте цврсти и не сакате да отстапите. Доколку сте во брак задоволни сте од односот со партнерот. Здравјето не е најдобро. Уморни сте и ви треба одмор.

СТРЕЛЕЦ

Ако се занимавате со приватна работа, размислувате за почнување на паралелна работа. Стрелците во брак уживаат во времето минато со партнерот. Реагирате импулсивно. Внимавајте во сообраќајот.

ЈАРЕЦ

Комуникацијата ви е слаба точка. Никако да најдете заеднички јазик со колегите. Немате проблеми во комуникациите со симпатијата. Ви годи опуштена атмосфера. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Пробувате да ја подобрите соработката со колегата, но не успевате во тоа. Ако сте во врска, ви е потребна ситница да избувнете. Не е добро здравјето, раздразливи сте.

РИБИ

Прилично сте прилагодливи и дипломатични, така што без никаков отпор ги прифаќате промените на работа. Ако сте во брак, ќе бидете загрижени за партнерот. Тој е напнат и ќе пробате да му го подигнете расположението. Добро здравје.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...