Жозеп Марија Бартомеу во следните неколку дена ќе биде сменет од функцијата претседател на Барселона. Денеска и официјално е потврдено дека се собрани потписи за недоверба на Бартомеу и неговите соработници кои направија вистински хаос во редовите на каталонскиот гигант.
Според информациите кои доаѓаат собрани се над 20.000 гласови, веќе е јасно дека Барса ќе добие нов престедател.
Бартомеу се посочува како главен виновник за ситуацијата со Лионел Меси и неговата желба да си замине. Во неговата ера клубот потроши голема сума на пари за засилувања кои се покажаа како целосно промашување.