Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

225 ЗАРАЗЕНИ И 8 ПОЧИНАТИ од коронавирус изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7538, активни 1005

• Куманово 1812, активни 167

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1294, активни 69

• Прилеп 737, активни 147

• Тетово 1509, активни 168

• Струга 694, активни 47

• Велес 341, активни 32

• Битола 338, активни 77

• Охрид 442, активни 35

• Кавадарци 252, активни 39

• Гостивар 948, активни 66

• Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 316, активни 177

• Крива Паланка 127, активни 35

• Радовиш 102, активни 34

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 432, активни 171

• Пробиштип 119, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 3

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 130, активни 50

• Валандово 51, активни 36

• Виница 126, активни 37

• Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 376, активни 53

• Кичево 336, активни 26

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1841 теста се преку: ИЈЗ-379, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-266,  Биотек-253, МАНУ -210, Жан Митрев (Филип Втори)-278, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –78, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-4, ГАК-17, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...