Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во Скопје, а 56 се оздравени.
Во болнички услови починати се две лица, на возраст од 75 и 68 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 7538, од кои активни се 1005.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 61
• Гази Баба – 114
• Аеродром – 173
• Карпош – 147
• Центар – 171
• Кисела Вода – 116
• Ѓорче Петров – 74
• Бутел – 44
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен-7