Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ХАОС ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Кралицата наредила принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ДА СЕ РАЗВЕДАТ?!

Љубовната приказна која од самиот почеток е една од најконтроверзните сигурно е онаа на британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер Боулс. Својата романса ја започнаа преку прељуба, бидејќи принцот во тоа време сè уште беше со починатата принцеза Дијана, па затоа Камила и денес наидува на осуда на јавноста. Според пишувањата на магазинот „Глоуб“, нивниот брак е пред распад, а за сè кумувала и кралицата Елизабета, која му наредила на нејзиниот син Чарлс да ги предаде документите за развод.

Според нивните наводи и зборовите на анонимниот извор, кралицата сака да ги реши сите скандали пред да умре. Иако принцот Чарлс го молел судот оваа постапка да биде строго доверлива и далеку од очите на јавноста, се чини дека нешто тргнало наопаку.

Тој сакаше да го избегне овој скандал и срам – рекол изворот, не откривајќи многу детали. Иако семејството официјално не се огласило за тоа, многумина и понатаму навиваат за заминувањето на Камила.

Ова е поткрепено со сторијата од пред неколку месеци, кога британските медиуми објавија дека нивниот брак е нелегален. Тогаш таблоидите тврдеа дека бракот го крши законот од 19. век, според кој бракот требало да се склучи на церемонија пропишана од Англиската црква, но тоа не било сторено.

Неодамна дури се шушкало дека заедно ќе го напуштат кралскиот двор и ќе заминат во Италија. Имено, било напишано дека Чарлс и неговата сопруга се уморни од чекање за круната и дека имаат намера трајно да се преселат во Италија и да му ја препуштат круната на принцот Вилијам, еден ден кога кралицата Елизабета ќе почине или се повлече од тронот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...

Забава

Теодора Џехверовиќ искрено се посрамоти кога откри дека истетовирала погрешен збор на ногата, па пораката што сакала да ја испрати доби сосема поинакво значење...