Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПОРАНЕШНИ ЕВРОПРАТЕНИЦИ СО КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ЗА НАШИТЕ ЕВРОИНТЕГРАТИВНИ ПРОЦЕСИ

Членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна  политика на Собранието на Република Северна Македонија, вчера остварија виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател, д-р Ханс Герт Потеринг. Свои обраќања имаа претседателот и членот на Комисијата за европски прашања, г. Адеми и  г-ѓа Снежана Калеска Ванчева, како и претседателот на Комисијата за  надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, кои поздравувајќи ја оваа иницијатива на бившите европратеници за виртуелна средба, им посакаа добро здравје и успех во  понатамошните нивни активности.

Притоа, беше истакнато дека Северна Македонија направи многу во  последниве неколкугодини, пред сѐ, со потпишувањето на Преспанскиот договор со Република Грција, како и на Договорот за пријателство, добрососедски односи и соработка со Република Бугарија, со што ја потврдивме нашата заложба за поттикнување на добрососедските односи со сите наши соседи, како предуслов за просперитет и развој. Се истакна дека Северна Македонија е мултиетничко општество и преку имплементацијата на Охридскиот рамковен договор обезбеди унапредување на правата на сите заедници, што би можело да послужи како пример за целиот регион.

Во пресрет на  објавувањето на октомврискиот Годишен извештај за напредокот на земјата, беше изразена надеж дека тој ќе биде позитивен за земјата и дека до крајот на годината, за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи Првата меѓувладина конференција, и ќе се финализира процесот на скрининг и подготовка за отворање на првиот кластер.

Поранешните европратеници им го честитаа изборот на новите пратеници во Собранието. Притоа, ја потврдија нивната континуирана поддршка за нашите  евроинтегративни процеси, која ќе продолжи и понатаму, при што  истакнаа  дека членовите на  Европскиот парламент, како и актуелниот претседател г. Сасоли се искрени поддржувачи на Северна Македонија и нејзините аспирации за ЕУ членство.

На прашањата за понатамошните чекори во врска со потребните ЕУ реформи, претениците ги информираа европратениците за  актуелните случувања во земјата во поглед на реализацијата на Преспанскиот договор, Договорот за  добрососедство со Бугарија, како и на останатите услови и реформи кои од нас ги  бара  ЕУ.

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...