Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Одложено рочиштето за ,,Ласкарци” – главната расправа закажана на 15 октомври

The investigators investigate the wreckage of a bus,in village of Laskarci near Skopje, North Macedonia, on 14 February 2019. According to officials, 14 people died and at least more than 20 were injured after a bus rolled over on the Skopje-Tetovo highway.

Боледувањето на еден од судиите во случајот ,,Ласкарци”, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври.

Адвокатот Дељо Кадиев, кој е дел од одбраната за овој случај за МИА, изјави дека се работи за голем предмет и заради тие уште трае судењето.

– Обвинителството заврши со презентација на доказите. На последните рочишта беше сослушан вештак предложен од првообвинетиот. Тоа траеше четири-пет дена. Имаше многу прашања. Сега следуват предлозите на второ обвинетиот, рече адвокат Кадиев.

Во досегашниот судски процес за трагичната сообраќајка на патниот правец Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, се презентираа многу вербални и материјални докази. Дел од сведоците при нивните искази во суд најавија дека ќе барат материјална штета од обвинетите и дека се приклучуват врз нивниот кривичен прогон. Додека други бара само надоместување на лекарските трошоци.

Воедно, вештачењата презентирани од страна на обвинителството докажа дека шоферот на автобусот на ,,Дурмо Турс”, трагичниот ден возел 99 км на час, наместо 80 км на час колку е дозволено за автобус тежок 15 тона.

Судењето за овој случај го води судијката Диана Илиевска-Груевска, додека обвинението го застапува обвинителот Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се обвинети шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...