Интер вечерва го пријави својот состав за Лигата на шампионите, во кој се најде и името на Раџа Наинголан, кој беше пред преселба во Каљари. Со тоа се чини се затвораат сите озборувања за негово напуштање на Милано.
Интересно, Конте за ЛШ нема да смета на Матиас Весино и Даниеле Падели, кои не се најдоа на списокот пријавени фудбалери за најсилното европско клупско натпреварување.
Клубот го објави својот список на играчи достапни за групната фаза на турнирот, а во него се најдоа: Хандановиќ, Хакими, Гаљардини, Де Врај, Алексис Санчез, Лукаку, Лаутаро Мартинез, Коларов, Сенси, Ранокиа, Перишиќ, Јанг, Видал, Барела, Ериксен, Д’Амброзио, Дармијан, Шкрињар, Наинголан, Брозпвиќ, Бастони и Раду. „Нероаѕурите“ во групната фаза се во иста група со Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк и Борусија Менхенгладбах.