Според српските медиуми, долгогодишната алфа и омега на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е на чекор да го превзема тимот на ТСЦ од Башка Топола.
Станува збор за клуб кој е еден од намладите во Супер-лигата и кој ова лето по пенал драма и 12 голови беше елиминиран од евро-сцената.
Некогашниот прв човек на Динамо кој е во бегство и се наоѓа во Босна поради обвинение дека на некогашниот клуб му нанел штета од 40 милиони евра, никогаш не криеше дека сака да води тим од Србија.
„Немам никаква причина поради која утре не би работел во Цврена Звезда или Партизан, станува збор за институции. Доколку имам таква понуда, би бил горд на тоа, иако сум свесен дека ќе имам бројни проблеми поради тоа“, е изјавата на Мамиќ во август.