Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Србија одбележува 20 години од “КОНЕЧНАТА ПРЕСМЕТКА” и падот на Милошевиќ!

Соседна Србија денеска одбележува своевиден јубилеј, 20 години од падот на Слободан Милошевиќ. Човекот кој во 90тите важеше за нај контроверзен политичар, кој успеа од миленик на западот да стане најголем злосторник против кого се обедини практично целиот свет. Својата политика Милошевиќ ја засноваше на режимско владеење, репресија, националистичка политика, која на српскиот народ му донесе војни, раселување, страдање и страшни инфлации, проследени со ембарго и бомбардирање од страна на НАТО во 1999 година.

Карктеристично за озлогласениот Претседател на СР Југославија е и тоа што многумина кои го познавале, тврдат дека зад повеќето негови одлуки, стоело влијанието од неговата сопруга Мира Марковиќ со нејзината партија ЈУЛ. Исто така, режимот на Милошевиќ, во огромна мера се потпирал на контролата од страна на тогашната државна безбедност, зад која стојат многу контроверзии и неразјаснети политички и криминални ликвидации, целосна контрола врз медиумите, како и регрутација на криминалното подземје во Белград за потребите на власта предводена од последниот југословенски диктатор, како што го нарекуваат познавачите.

Веројатно, харизмата, артикулираниот говор и моќта за манипулација со народните маси Милошевиќ одлично ја контролираше се до 1999 година, кога Србија беше повеќе од 3 месеци мета на авионите на НАТО, проследено со разрушена инфраструктура, човечки жртви и безпарица.

Тогашната опозиција, обединета во коалицијата ДОС, а предводена од Зоран Џинџиќ, Воислав Коштуница, Чедомир Јовановиќ и уште 10тина други партии и здруженија, помогнати од западот, пред се САД, решија да организираат отпор против режимското владеење на Милошевиќ.

Епилог на нивната борба следуваше на 5 Октомври, ден по завршување на претседателските избори во СР Југославија, на кои Милошевиќ претрпе пораз од Коштуница, но режимот одби да ги признае резултатите и почнаа масовни монтирања, притисоци и негирања на изборната воља на граѓаните. Се што српскиот народ собираше како гнев кон политиката на национализам и војни, се истури пред српскиот парламент токму на тој ден. На јавен повик од лидерите на ДОС, практично од сите страни стотици илјади граѓани од цела Србија се упатија кон Белград. 

Обидите на Милошевиќ да го спречи протестот одеа до таму, што генералот на Југословенската војска извади и тенкови по улиците во белград, но отпорот на народот стануваше толку жесток, што во текот на ноќта видни полициски и воени генерали одбија да дејствуваат и откажаа послушност на Милошевиќ.

Една од клучните работи, според познавачите е одлуката на командантот на ЈСО, Милорад Улемек- легија, да премине на страната на опозицијата и со тоа да му го зададе крајниот удар на Милошевиќ. По неколку часовни демонстрации и судари со полицијата, народот успеа да ги помине полициските кордони и да упадне во собраниската зграда. 

Во целиот тој неред, дел од демонстрантите ја запалија просторијата со кутиите и гласачките ливчиња од републичката изборна комисија и ставија крај на можноста за изборен фалсификат. Слободан Милошевиќ хеликоптерски ги напушти претседателските простори, а кратко потоа од зградата на собранието, пред присутните, лидерите на опозицијата прогласија пад на режимот на Милошевиќ и почеток на нова демократска ера во Србија.

Неколку дена подоцна, Милошевиќ, јавно на РТС, го призна поразот и честиташе на својот противник Коштуница за победата.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....