Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Десет проценти во светот ЌЕ БИДАТ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, доктор Мајкл Рајан, денеска изјави дека, според неговите најдобри проценки, приближно едно од 10 лица низ целиот свет може да биде заразено со коронавирусот.

Говорејќи на состанокот на извршниот одбор, посветен на Ковид-19, Рајан рече дека податоците се разликуваат од урбани до рурални области и меѓу различни групи, но оти на крајот тоа значи дека огромно мнозинство во светот е изложено на ризик.

Проценката, која би изнесувала повеќе од 760 милиони луѓе врз основа на сегашната светска популација од околу 7,6 милијарди, далеку го надминува бројот на потврдени случаи пријавени и од СЗО и од Универзитетот Џонс Хопкинс, кој изнесува повеќе од 35 милиони случаи ширум светот.

Експертите веќе подолго време велат дека бројот на потврдени случаи е многу помал од реалниот број на заразени. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...