Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

САША МАТИЌ СЕ РАСПЛАКА ВО ЕМИСИЈА: Изгубив драги луѓе, сакав да избегам од Белград

Пејачот Саша Матиќ се сети на драгите луѓе кои ги изгуби изминатиот период поради коронавирусот, и откри дека по погребот на неговиот пријател и соработник, сакал што побрзо да го напушти Белград.

– Тоа влијаеше врз мене со губење на некои драги луѓе и добри пријатели. Тешко ми е со тоа. Лично, моето семејство и немавме никакви проблеми, не ми пречеше да не работам, да не патувам, само што  тие луѓе да останеа во живот и да не ги снајдеше тоа што ги снајде. Тоа е навистина голема загуба. Кога мојот пријател Боб почина, по неговиот погреб, јас бев во таква ситуација само да одам некаде, само да не бидам во Белград тие денови, дека ќе ми биде полесно да бидам надвор од Белград, рече пејачот, по што заплака.

Тој се осврна и на неговиот приватен живот и истакна дека ги поддржува своите деца во сè, и дека не се оптеретува со оценки, туку само дека му е важно да завршат кое било училиште.

– Јас сум романтичар по душа. Не сакам јавно да зборувам за овие приватни работи, бидејќи излегува дека само јас имам деца. Тоа е тема што ја избегнувам, но засега тие се добри деца. Немам проблеми. Не е важна оценката, но исто така е важно утре да завршат некои добри училишта и да се борат за својот статус, затоа што и јас излегов од дома на 20-годишна возраст и тогаш бев најсреќен. Сигурно немаше да им се покорувам на мајка ми и татко ми ако не ме поддржуваа во тоа и да ми кажеа: „Никако, мора да се вратиш.“ Без оглед на одлуката што ќе ја донесат, јас ќе ги поддржам во тоа, вели Саша во емисијата “Премиера”.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...