Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

САКАВ ДА СЕ УБИЈАМ ШТО СУМ ЛЕЈДИ ГАГА: Пејачката проговори за тешките моменти

Пејачката Лејди Гага откри дека долго време се бори со депресија, за што отворено зборуваше во интервју за музичкиот магазин „Гага“.

– Тотално се откажав од себе. Мразам што сум славна. Се чувствувам истрошено и искористено. Не ја гледам смислата на мојот живот, освен што ми требаат моите родители и сестри, кои секогаш се таму како моја најголема поддршка. За тоа мислев секој ден во текот на изминатите две години, истакна пејачката.

На прашањето дали некогаш размислувала да крене рака во тие моменти на слабост, таа одговори:

https://www.instagram.com/p/CFlL56JMgDr/?utm_source=ig_embed

– Да. Живеев во куќа каде што моите соработници ме следеа секој ден затоа што вистински се грижеа за мене. Тие се плашеа дека ќе се убијам. Сега наоѓам начини повторно да ја сакам жената што ја нареков Лејди Гага. Сепак, мразам што станав славна. Се будев секој ден сеќавајќи се дека сум Лејди Гага, а потоа ќе паднев во депресија. Седев надвор, на терасата од мојот дом, пушев цигари со часови и плачев, вели таа.

Лејди гага додаде дека била подложена на терапија и го опишала самиот процес што и помогнал да ја надмине депресијата и мрачните мисли.

– За време на терапијата, додека ја анализирав мојата состојба, ја излупев душата како да ги отстранував слоевите кромид. Отидов до сржта на проблемот. Додека копате подлабоко, се приближувате до јадрото, потешко ви е затоа што смрди јадрото на тој кромид, го опиша Гага процесот на свој начин.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...