Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Премиерот Заев апелира да се почитуваат мерките!

Премиерот Зоран Заев побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести зашто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани.

– Свесни сме дека е важен и економскиот дел и егзистенцијата на уметниците кои настапуваат во угостителските објекти, но, сепак, здравјето е доминантно и Владата ја донесе одлката заради здравјето на граѓаните. Бројките растат, доаѓа зима, сите треба да бидеме дополнително внимателни, рече Заев во врска со мерката за забрана за настап на пејачи во угостителски објекти, додавајќи притоа дека помош ќе има и никој нема да биде оставен и заборавен.

Владата вчера дискутирала, додаде тој, и за можноста не само парично да се казнува, туку и да се затвори угостителски објект кој нема да ги почитува мерките и дека таа надлежност може да ја имаат инспекторатите или МВР. 

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...