Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПОДОБРЕНА СОСТОЈБАТА НА ТРАМП

Здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да се подобрува ноќеска, а Белата куќа е оптимист дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денов,јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на изјава на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.

Медоуз рече дека разговарал со Трамп утрово и дека претседателот ќе се сретне со неговиот медицински тим за да му биде проценета неговата состојба, јави Фокс њуз.

Американскиот претседател од петокот е во воената болница „Волтер Рид“, каде беше хоспитализиран поради Ковид-19.

Трамп, вчера ненадејно излезе од воената болница „Валтер Рид“ каде пред три дена беше хоспитализиран откако му беше потврден коронавирус.

Вчера тој излезе од болницата и од возило им мавташе на неговите приврзаници кои беа собрани пред болницата. Ваквиот потег предизвика остри критики. Најжестока е онаа на еден лекар кој работи во болницата „Валтер Рид“, Џејмс Филипс.

„Секоја личност во автомобилот за време на тој целосно непотребен претседателски поход сега треба да биде во карантин 14 дена. Тие би можеле да се разболат. Може да умрат. Поради политичко шоу“, напиша Филипс.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, го опиша излегувањето на Трамп од болницата како „кратко возење во моторизирана поворка за да им мавта на приврзаниците“ и додаде дека Трамп многу брзо се вратил во болница.

Дир истакна дека се преземени соодветни мерки на претпазливост за да се заштити претседателот и оние што го поддржуваат. „Потегот беше одобрен од медицинскиот тим“, додаде тој.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...