Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Пандемијата и Брегзит без договор со ЕУ ќе ја чини Велика Британија 134 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ ГОДИШНО

Пандемијата и Брегзит без трговски договор со Европска Унија може да ја чини Велика Британија 134 милијарди фунти годишно, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија „Бекер&МекКензи“.

Во истражувањето „Иднината на британската трговија: Обединети реалности на Брегзит и Ковид-19“ се истакнува дека пандемијата ќе го намали БДП за 2,2 проценти во споредба со нивото пред појавата на новиот коронавирус.

Додека Брегзит, дури и со трговски договор ќе го намали БДП за 3,1 отсто, додека извозот на стоки ќе биде помал за 6,3 проценти. Но, без трговски договор загубите од Брегзит ќе се зголемат до 3,9 отсто од БДП на долгорочен план.

Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека 15 октомври е краен рок за склучување на трговски договор со ЕУ, а Велика Британија ќе го прекине членство во Унијата кон крајот на годината.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...