Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НЕМА ПОВЕЌЕ ЧОКОЛАДО И ГРИЦКИ: Овој град ги забранува во маркетите

Чоколади, грицки и сите пијалоци кои содржат дополнителни шеќери или вештачки засладувачи, ќе бидат забранети за продажба.

Градот Беркли во Калифорнија ќе забрани продажба на слатки и солени производи на каса на супермаркети со цел да се промовира поздрава исхрана, пренесуваат локалните американски медиуми.

Градскиот совет на Беркли, студентски град со 120.000 жители лоциран веднаш до Сан Франциско, едногласно донесе мерка оваа недела со која ќе се забранат производи со повеќе од 5 грама шеќер или 250 милиграми сол.

Умерено е нагласено дека „евтината храна богата со сол, заситени масти и дополнителни шеќери доминира на полиците на касите.

Потрошувачите таму се повеќе склони кон импулсивен шопинг, а родителите треба да се борат со своите деца кои бараат слатки на крајот од набавката.

Забраната се однесува на 25 супермаркети во тој град и ќе стапи на сила во март следната година, а првите инспекции се очекуваат во јануари 2022 година.

– Она што е добро за потрошувачите во Беркли е добро и за продавниците, рече Кејт Харисон, една од застапниците на градот зад оваа мерка.

Во 2014 година, Беркли беше првиот кој воведе данок на газирани пијалоци, што подоцна го направија и други градови во Америка.

Според истражувањето објавено на почетокот на 2019 година, жителите на тој град ја намалиле потрошувачката на пијалоци со шеќер за 21 процент во годината на воведување на тој данок.

Тој пад во 2017 година порасна на дури 52 проценти.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...