Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Македонското знаме денес слави 25 години, но дали сте ги виделе другите 12 предлози за државно знаме

Знамето на Македонија — државно знаме на територијата на Македонија, усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат.

Државно знаме 1992-1995

Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.

Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија:

  1. знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
  2. знамето да го има сонцето како единствена апликација.
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.
Предлог за знаме на Македонија.
Последен предлог за знаме на Македонија, кој бил прифатен, но со додатен црвен круг околу дискот.

Во 2002, уредниците на World Almanac ги избрале десетте најдобри знамиња на државите од целиот свет. Македонското знаме завршило на второто место. На прво место завршило знамето на Бутан, а на трето место знамето на Кирибати. Останатите позиции до десетто место ги добиле Бразил, Канада, Јапонија, Швајцарија, Сејшелите и Франција.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...