Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Загрижувачки информации: Вакцините НЕМА ДА БИДАТ 100 проценти успешни во борбата со пандемијата?

Пронаоѓањето на вакцината нема автоматски да ја сопре пандемијата на коронавирусот, велат експертите, и порачуваат дека по ова прашање треба да се биде внимателен и реален.

Научниците од британската група “DELVE” во својот нов извештај пишуваат дека вакцините ќе бидат само делумно успешни во борбата против пандемијата.

“Сепак, тие и натаму претставуваат наша најдобра шанса да се вратиме барем донекаде во нормален живот”, вели др Фиона Калеј од Институтот за срце и бели дробови при Империјалниот колеџ во Лондон, и додава дека сепак вакцините не се семоќни.

Како што наведува, креирањето и тестирањето на вакцината е комплексен и долготраен процес, како спроведување на општа имунизација.

Моментално има повеќе од 200 кандидати кои работат на развој на вакцината, од кои само неколку се во доцните фази на тестирање.

Но, дури и кога вакцините ќе бидат тестирани и официјално одобрени, ќе се соочиме со нови предизвици, предупредуваат експертите.

Точка.мк

Станува збор за создавање на јавна доверба во нив, бидејќи моментално јавното мислење е многу сомничаво кон вакцините.

Освен тоа, потребно е да се овозможат и голем број на дози.

Со оглед на тоа дека вакцината, како што сега изгледа, нема да создава долготраен имунитет, потребно е редовно да ја прима голем дел од популацијата.

Единствено така може да се обезбеди барем забавување на ширењето на вирусот.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...