Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: УХМР најавува лошо време

Променливо време со дожд, ветер и опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за наредните денови.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во среда и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во јужните делови повремено силен ветер (со брзина над 70 км/час) од јужен правец.

Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 32 степена. и Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....