11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЦРКВАТА КАКО ЗАСОЛНИШТЕ ОД РАКЕТИТЕ за жените и децата од Нагорно-Карабах (ФОТО)

Граѓаните се засолнуваат во криптата на Катедралата Света Богородица во Степанакерт во регионот Нагорно Карабах, каде се случуваат судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, со цел да се заштитат од ракети.

Импозантната ерменска црква се наоѓа во центарот на градот, каде денес владее тишина, која само ја вознемирува звукот на сирените како предупредувачки знак за ракетен напад или прелетување на беспилотно летало.

Локалниот свештеник рече дека црквата, по изградба, е веројатно најдоброто прибежиште за граѓаните, како и заради заштитата на Бога.

Неколку граѓани престојуваат во црквата веќе неколку дена, претежно жени со деца. Некои доаѓаат повремено. Мажите главно се пред врата, гледаат во небото и известуваат за најновите настани.

Храната не недостига, бидејќи ја носат други граѓани и ја собираат локални свештеници. Денес, во таа црква не се одржа неделна миса, но беше прочитана молитва, според Франс прес неколку десетици луѓе беа убиени во конфликтот.

Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах, област со мнозинство Ерменци, која беше анектирана од Азербејџан за време на советската ера.

Во конфликтите за контрола над Нагорно Карабах помеѓу 1988 и 1994 година, се убиени 30 000 луѓе, а стотици илјади избегаа. Примирје беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан.

Оттогаш, во оваа област повремено избиваат конфликти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести