Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИНИ клучни во ладните денови

Храната што најчесто се консумира во постудените денови, од есен до пролет, е значително потешка и помалку здрава отколку во потоплите делови од годината, пред се затоа што не обрнуваме внимание на разновидноста на храната.

Дури и по изобилството на витамини и свежа храна во текот на летните денови, мора да обрнеме посебно внимание да продолжиме со внесувањето витамини и минерали преку свежа храна за остатокот од годината.

Ви пренесуваме список на храна која е богата со витамини.

Цитруси

Портокалите, грејпфрутот и лимонот се богати со витамин Ц, корисни за кожата и метаболизмот и помагаат во борбата против вирусите. Влакната што ги содржат помагаат во контролата на холестеролот.

Мед

Медот е одлична алтернатива на шеќерот и се користи како засладувач. Во зима, може да се користи во поголеми количини затоа што ја одржува телесната топлина и помага во борбата против инфекциите и вирусите кои предизвикуваат настинки и грип.

Лук

Покрај подобрувањето на вкусот на храната и одржувањето на телесната топлина, лукот првенствено има антибактериско и антивирусно дејство, кое помага во борбата против разни зимски болести.

Коренест зеленчук

Морковот, цвеклото и компирот не само што се хранливи, туку изобилуваат и во текот на зимата, а исто така се и свежи. Морковот е богат со витамин А, корисен за кожата, а помага и во борбата против настинки и инфекции.

Зелен зеленчук

Спанаќот и сличниот зеленчук се важен дел од исхраната во текот на зимата. Самиот спанаќ е моќен антиоксиданс кој содржи големи количини на витамини А и Ц. Добар е за здравјето на косата и кожата, а богат е и со железо, протеини и минерали.

најчитани вести

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...