Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА СОБОРНИОТ ХРАМ „Свети Климент Охридски“

Света архиерејска литургија ќе се отслужи денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по повод 30 години од неговото осветување.

Со литургијата на Празникот на сите македонски светители, востановен во спомен на Црковно-народниот собор одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, ќе началствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение на повеќемина архијереи од САС на МПЦ и свештенослужители од епархиите.

Пред почетокот на литургијата, ќе биде осветен севкупниот фрескопис во храмот, кој, по неколкуте фази на сликање низ годините, е целосно завршен.

-Темелите за градба на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, се поставени во 23 април 1972 година, а осветени од првиот поглавар на возобновената Охридска Архиепископија како МПЦ, блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски Доситеј, во сослужение на архијереи од тогашниот САС на МПЦ, како и на повеќемина свештенослужители, меѓу кои и двајца свештеници од сестринската Српска православна црква, наведуваат во соопштение од МПЦ.

Храмот е осветен на 12 август 1990 година од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква, архиепископот Гаврил, во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод, повеќемина свештенослужители и многуброен народ од државава и од иселените Македонци по светот.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...