Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Порошенко ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко.

-Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува силна волја, што ја покажа во борбата против оваа болест, рече Марина Порошенко.

Поранешната прва дама на Украина известува дека Порошенко се однесува во согласност со протоколот на болницата. Освен Порошенко, една од нивните ќерки, исто така има коронавирус.

Порошенко и соопшти на јавноста дека се зарази со коронавирус на 29 септември, а од тогаш беше во домашна изолација. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Со реакции за вчерашното интервју на Премиерот Заев, денес се јавија и Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Некогашни лути политички ривали, а потоа и...

Свет

Шесмина луѓе, воглавно лекари, денеска се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, соопштиле локални медиуми. Криминална група ги лажела семејства на...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...