Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДЕФИНИТИВНО ЌЕ ИМА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ поради корона журките

Во последните два дена има 475 нови случаи на вирусот по што Комисијата за заразни болести дефинитивно ќе воведе нови рестриктивни мерки, објави Слободен печат.

Според  Слободен печат од членови на Комисијата за заразни болести, на утрешната седница на која ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно ќе има воведување на нови рестриктивни мерки за подрачјето на Скопје.

Мерки ќе мора да има, зашто вака работата повеќе не оди, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести Александар Стојанов.

Тој додаде дека деталите ќе бидат познати по седницата на Комисијата. Предвид доаѓаат ограничувања на работното време на угостителските објекти каде навечер нема “игла каде да се фрли”, а во кои посетителите не носат заштитна опрема и каде се собираат големи групи на граѓани. Угостителските објекти тешко се зауздуваат, а ноќниот живот во Скопје и во градовите од внатрешноста се одвива без протоколи.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...