Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Судот во Стразбур реши – ПАЃААТ СУДЕЊАТА НА СЈО, АБОЛИЦИЈАТА ВАЖИ!

Вечер.мк дознава дека Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна.

Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, според нашето право, се оврзувачки за судовите. Според сознанијата на Вечер.мк Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази. Владата оваа информација досега ја криела од јавноста.

Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените. Рок за ова е до 20 Декември годинава. Со ова треба самиот суд, или сега веќе Јавното обвинителтво кое ги презема предметите од СЈО да се спогодат со обвинетите за повлекување на предметите без барање трошоци, надомест на штета и слично.

Втората фаза ќе настапи ако не се изврши бараното во првата фаза. До март следната година, ако нема спогодба, одлуката на Судот за човекови права од Стразбур ќе мора да се спроведе облигаторно, без задршка и без условувања. А тоа значи дека повеќе од половина предмети за кои сега се суди по обвиненија од СЈО запираат на штета на обвинителството или судот, ако е пресуда веќе донесена. Обвинетите потоа, за делата за кои се аболицирани, се слободни, а државата мора да им исплати штета која би ја побарувале.

Дека може да се очекува ваква ваква одлука на Европскиот суд за човекови права најавија експертите уште одамна, за тоа зборуваше и професорот Гордан Калајџиев, а Петар Василев, адвокатот на некои од прогонетите од СЈО веќе три години зборува дека аболицијата не може да се повлече или поништи, дека судските постапки треба да запрат а тој што не ги запира ќе биде одговорен за штетите кои поради тоа настанале.

Пред оваа одлука на Европскиот суд за човекови права во Стразбур три европски држави, Грција, Унгарија и Шведска, веќе донесоа судски одлуки дека обвинети лица кои се пребегани кај нив не може да бидат вратени во Македонија затоа што има абилиција за нив. Со одлуката на Судот од Стразбур се потврдува овој европски став на веќе четири европски судови дека СЈО обвиниле луѓе, а судот ги судел, без законски основ. 

Накусо, да се потсетиме на аболицијата.

СДСМ на 9 февруари 2015 година почна со јавни објави на незаконски прислушкувани туѓи телефонски разговори вршејќи и со самите објави ново кривилно дело. Тоа беше политички проект на СДСМ за преземање власт со помош на незаконски средства – прислушкување по барање на Зоран Верушевски што се потврди со изјави пред судот од него и од неговиоте двајца соработници во МВР, поседување на тој криминално стекнат аудио материјал од страна на СДСМ и негова јавна употреба и создавање на СЈО кое, потоа, по добивање на аудио снимките и кривични пријави од СДСМ до СЈО почна со прогон на луѓе по список добиен од СДСМ.

Во април 2016 година тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов донесе одлука за аболиција, престанок на било каков процес на истрага или прогон, како и судење за постапки водени од СЈО против 54 лица. Меѓу овие 54, освен функционери на ВМРО ДПМНЕ, помилување од прогон доби и Зоран Заев за две кривични дела, како и Божидар Јанковски, сопругот на Радмила Шеќеринска, за даночно затајување од околу 320.000 евра. 

Образложението на Иванов беше дека прогонот на СЈО се темели на незаконски докази и постапки, а Заев и Божидар Јанковски беа помилувани заради помирување на силните поделби и тензии во општеството кои оневозможуваат политички дијалог и атмосефра на соживот.

Зоран Заев веднаш најави дека одлуката за аболиција од Ѓорѓи Иванов мора да биде поништена. Помиливан беше и Коста Крпач, опфатен во истрага на СЈО, кој на 2 јуни изврши самоубиство. 

Под притисок на меѓународната јавност и СДСМ одлуката за аболиција беше потоа поништена, а на 29 јуни 2019 година СЈО пдонесе 17 обвинеија за 18 предмети против 94 физички и 7 правни лица. Се потоа е веќе познато на јавноста. Сега е познато дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур решил дека аболицијата е во сила, дека важи, и дека е незаконски поништена а лицата на кои се однесува се невини и треба да се ослободат од делата за кои се аболицирани.

Со аболицијата беа опфатени 25 политичари: Миле Јанакиевски има аболиција за 16 постапки, Гордана Јанкуловска за 13, Никола Груевски за 7, Сашо Мијалков за 6, Мартин Протоѓер за 5, Кирил Божиновски за 4 постапки… Зоран Заев за 2, како и Зоран Верушевски за 2 постапки… 

Со ова приказната за СЈО добива точка и СЈО заминува во историјата како кримогена организација која работела надвор од закон, вршела рекет и незаконски проневерила 4,6 милиони евра, пари поделени меѓу обвинителите и нивините соработници. Сето тоа реализирано и под покровителство и со поддршка на извршаната власт на СДСМ за чии потреби е вршен политички прогон на стотици луѓе. СЈО гонеше луѓе за политички цели, и тоа не само оние кои се судат туку и со 93 дополнителни предмети, дури и откако им истече мандатот за нови истраги и обвиненија што е дополнително кривично дело од страна на обвинителите од СЈО.

Дали Македонија мора да ја спроведе одлуката на Судот за човекови права во Стразбур. Мора. Тоа е обврска и според нашите закони. Секој судија кој нема да ја спроведе одлуката од Старзбур според нашиот закон ќе биде сменет и повикан на одговорност. Затоа Јавното обвинителство и СДСМ толку притискаат што побрзо да се донесат правосилни одлуки по обвиненијата на СЈО. По ова треба да се почека и види кои од судењата по обвиненија на СЈО паѓаат поради аболиција, а според првичните сознанија од 18 паѓаат барем 11 судења. 

Европскиот суд за човекови права во Стразбур својата одлука ќе ја објави наскоро, веќе од понеделник па натаму може да се очекува одлуката да појави на нивната официјална интернет страна.

Vecer.mk

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...