Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Британски Мирор: Мистичната Баба Ванѓа ПРЕДВИДЕ ДЕКА ТРАМП ЌЕ ИМА КОРОНАВИРУС (ВИДЕО)

Слепата и мистична Баба Ванѓа ја предвидела судбината на американскиот претседател Доналд Трамп, објави британски Мирор.

За Баба Ванѓа, која е позната како  „Нострадамус на Балканот“, луѓето велат дека претскажала дека американскиот претседател ќе страда од „мистериозно заболување“ во 2020 година, што ќе го остави глув и со тумор на мозокот.

На 2 октомври беше потврдено дека Доналд Трамп  има Ковид-19 заедно со неговата сопруга Меланија.

Некои од нејзините други предвидувања беа Брегзит, 11 септември, и цунамито во Тајланд, а  се вели дека имала предвидувања сè до нејзината смрт во 1996 година.

Таа пораснала на фарма во денешна Македонија аостанала слепа после песочна бура.

Ова, тврдат нејзините обожаватели, е тоа што и дало „втор поглед“ што и овозможило да предвидува идни настани – од кои некои беа несакано точни.

Во предвидување од 1989 година, таа изјавила: 2Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат откако ќе бидат нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат во грмушка, а невината крв ќе блика“

Тоа беше преведено како ужасен терористички напад врз кулите близначки на Светскиот трговски центар каде што беа погодени од два авиона на 11 септември 2001 година.

Баба Ванга никогаш не запишувала свои сопствени предвидувања и била сфатена толку сериозно, што бугарската влада ја ставила на државниот платен список.

Постојан персонал на секретари имал задача да ги запишува нејзините предвидувања и да ги транскрибираат нејзините интервјуа со луѓето што и се обраќале за совети.

Сепак, не сè што предвидувала испадна дека е така – болеста на Претседателот во еден момент требаше да се случи во 2019 година, а не успеа да се реализира нуклеарната војна од 2010 – 2014 година.

Институтите за сугестија и парапсихологија во Софија и Петрич, исто така, ги проучувале очигледните психички способности на Ванѓа.

Некои од нејзините идни пророштва вклучуваат промена во орбитата на Земјата во 2023 година и откривање на работен метод на патување низ времето во 2304 година.

Нејзините предвидувања завршуваат во далечната 5079 година, која, како што рекла, ќе го означи крајот на Универзумот.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...