Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Борис Џонсон: МОЖЕМЕ ДОБРО ДА ЖИВЕЕМЕ И БЕЗ ДОГОВОР СО ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон денес оцени дека Велика Британија може да живее многу добро дури и без договор со ЕУ доколку нејзините трговски преговори по Брегзит не доведат до договор пред крајот на преодниот рок.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ на 31 јануари, но сè уште ги применува европските регулативи до 31 декември, до кога треба да се усогласи договорот за идните трговски односи со европските дваесет и седум држави. Доколку не се постигне договор до тој датум, ќе започнат да се применуваат регулативите на Светската трговска организација (СТО) и нејзините високи тарифи, со можни сериозни последици за британската економија, која веќе е ослабена како последица од пандемијата.

– Не сакам особено да ги прекинам трговските односи како Австралија или врз основа на прописите на СТО, но можеме да живееме многу добро со тоа, рече Џонсон во денешното интервју за Би-Би-Си.

– Мислам дека можеме силно да успееме во тие околности, додаде тој.

Тој го изјави ова, иако во разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа се согласил преговорите меѓу Лондон и Брисел, кои се блокирани по деветтата рунда, да се интензивираат.

Џонсон одреди краен рок за постигнување договор на следниот европски самит на 15 октомври, кој може да се спроведе до крајот на годината, додека Европејците му даваат време до крајот на месецот.

Британскиот премиер проценува дека се уште е можно двете страни да постигнат компромис, но тој исто така посочи дека „различните проблеми остануваат да се решат.

„ЕУ треба да разбере дека ние сме целосно сериозни во врска со потребата да ги контролираме нашите закони и регулативи“, рече Џонсон. Тој беше цврст во однос на суверенитетот над британските риболовни зони, што е камен на сопнување во преговорите.

Датумот за продолжување на преговорите се уште е неизвесен, британскиот преговарач Дејвид Фрост вчера на Твитер само напиша дека ќе продолжат „што е можно побрзо следната недела“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...