Американскиот претседател Доналд Трамп е последен во низата светски лидери кои се заразени со коронавирусот.
Позитивен резултат на тестот на Ковид-19 го става во друштво на британскиот премиер Борис Џонсон, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и рускиот премиер Михаил Мишустин.
Џонсон беше првиот светски лидер што беше позитивен на коронавирус уште во март на самиот почеток на пандемијата. Тој имаше сериозни симптоми и заврши на интензивна нега каде што доби кислород, но не беше на апарати за дишење.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во јули објави дека има коронавирус без никакви симптоми.
Коронавирус имаа и претседателот на Гватемала, Алехандро Гаматеи и претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез.

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Агнес, исто така го имаше вирусот, а новоизбраниот претседател на Доминиканска Република се зарази со коронавирусотвирусот за време на неговата кампања.
Поранешните претседатели на Украина, Колумбија, Казахстан Петро Порошенко, Алваро Урибе и Нурсултан Назарбаев исто така беа позитивни на Ковид-19.

