На 02.10. во 20.50 часот во СВР Скопје, Џ.Е.(48) пријавил дека околу 19.00 часот на ул.“13 – Августовски договор“ неговиот син бил физички нападнат од Е.С.(55) од с.Сингелиќ. Сочинет е записник за констатиран прекршок.
На 02.10. во 15.40 часот во Полициската станица Куманово, З.А.(40) пријавил дека околу 13.30 часот во адвокатска канцеларија бил физички нападнат од Д.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.10. во 21.40 часот во СВР Битола, М.Ѓ.(33) од с.Бистрица пријавила дека околу 16.00 часот на паркинг наспроти маркет во с. Г. Оризари нејзиниот 15 годишен син бил физички нападнат од друго малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.10. околу 00,20 часот во СВР Велес, Т.И.(21) од Велес пријавил дека на ул. “Благој Ѓорев“ во Велес бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.10. во 15.20 часот во СВР Тетово, А.С.(58) од Тетово пријавил дека имал физичка пресметка со едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.